Паулињо раскина со Ал Ахли – дојде лестоска, одигра четири меча и си замина

591

ФОТО: Twitter/Al-Ahli Saudi Club

Бразилецот Паулињо го раскина договорот со Ал Ахли од Џеда по само два месеци. Поранешниот фудбалер на Барселона, Тотенхем и Гуангжу пристигна во Саудиска Арабија летоска како слободен играч. Одигра четири меча, постигна два гола и одлучи да го раскине договорот. Од клубот му излегоа во пресрет и му дозволија.

Од Ал Ахли, клубот за кои игра и македонскиот интернационалец Езџан Алиоски соопштија дека до разделба дошло по желба на играчот и тоа по итна постапка на општо изненадување не прецизирајќи за што станува збор. Двете страни спогодбено ја прекинале соработката.

Паулињо стана слободен фудбалер и чека нова понуда. Дали ќе се врати во Европа или ќе оди дома во Бразил останува да видиме.

ПретходноРадовиш до прва супер-лигашка победа
СледноВо сабота историски меч во Премиер лигата