Сити ја заврши задачата против Брендфорд

45

Со високи, убедливи и заслужени 3:0, тимот на Манчестер Сити предмалку на свој терен го совлада тимот на Брендфорд и ја одржа во статус кво битката за титулата во Премиер лигата.

Фаворитот се мачеше во првиот дел и не постигна гол за да во продолжението нештата ги постави на свое место.

Најпрво во 60. минута Доку го отвори резултатот, за да петнаесет минути подоцна, Халанд зголеми на 2:0. Во судиското продолжение, Мармуш ги постави конечните 3:0.

Со овој триумф Сити дојде до 74. бодови по 35 одиграни кола и е втор. Лидерот Арсенал има два бода повеќе од исто толку мечеви, а утре го игра дуелот против тимот на Вест Хем на гости.

 

ПретходноИнтер со шампионска лекција за Лацио
СледноСелта е добитна среде Мадрид и сеуште во игра за ЛШ