Миовски погоди греда, Ренџерс го загубија дербито против Селтик

84

Со конечни 3:1, тимот на Ренџерс со Бојан Миовски во составот, не успеа да обезбеди поволен резултат во големото дерби против тимот на Селтик.

Нашиот интернационалец влезе во второто полувреме како засилување за нападот, при резултат 3:1, и успеа да ја погоди гредата со удар со глава но не и да погоди во домашната мрежа.

Селтик, овојпат одигра далеку подобар меч и заслужено ги освои трите бода.

Со ова битката за титулата во шкотскиот премиерлигашки шампионат добива уште поинтензивна димензија. Хартс и натаму е прв со 77 бодови, Селтик има бод помалку, додаке Ренџерс се трети со 69.

 

ПретходноЛазаров: Не треба да ја потцениме Словачка, верувам во овие момци!
СледноПочина таткото на Ханси Флик