Борац Чачак го згасна АБА-сонот на ТФТ

80

ТФТ не успеа ниту на домашен терен да дојде до победа против Борац Чачак, а на тој начин да се избори за „мајстрока“ во втората шанса да се најде во јадранската елита. Македонскиот тим на домашен терен беше совладан од Борац Чачак со убедливи 65-97 за крај на сите надежи дека сепак ќе се најде во одбраното друштво во АБА-лига.

Гостите овој меч го решија после едно полувреме по кое имаа предност од 35-45, нешто подобра игра од ТФТ видовме во третата четвртина која ја завршија егал 21-21, недоволно за било какво изненадување.

Гордон имаше 18 поени, додека Дејвис запиша 15. ТФТ се врти кон домашниот шампионат каде во полуфиналето губи од Маџари со 1-0.

ПретходноМилан се коцка со ЛШ: Аталанта го шокираше „Сан Сиро“
СледноГолемите така ги чуваат легендите: Мајнц со посебна чест за Новески (ФОТО)