Маџари пред нов историски подвиг, ТФТ нема право на грешка!

23

Битката за пласман во финалето на плеј-офот во кошаркарскиот шампионат продолжува. Вечерва во салата “Н.Н.Борче“ со почеток во 21 часот, Маџари го пречекува ТФТ.

Дебитантот кој има сезона од соништата може да направи нов историски подвиг и да се пласира во големото финале. Избраниците на Миодраг Тодоровиќ го победи својот ривал со 84-82 после продолжение и поведоа со 1-0 во полуфиналето, сега победи ги дели од финале.

На другата страна пак ТФТ е целосно исцрпен после густиот распоред во битката за место во АБА-лига која за жал ја заврши безуспешно. Тимот од Тафталиџе треба да најде сили и да потврди зошто стартуваше од првото место од табелата, во спротивно сезоната ќе ја заврши неуспешно.

ПретходноФИФА Арена во Босилово: Отворен првиот терен од глобалниот проект на ФИФА во Македонија!(ФОТО)