Ф4 во ЛШ: Германско полуфинале и Барса против Алборг!(ФОТО)

136
ФОТО:.facebook.com/ehf.champions.league/

Магдебург против Фуксе Берлин во германското полуфинале и Алборг – Барса во второто полуфинале. Вака сакаше денешната ждрепка за Ф4 во ракометната Лигата на Шампионите кој ќе се одигра на 13/14 јуни во “Ланксес Арената“ во Келн.

Јасно е дека на програмата се спектакуларни мечеви, да не говориме за големото финале.

Амбициите се јасни. Барселона има намера да освои уште една титула, атакува кон својата 12-та во најквалитетното ракометно клупско првенство. Магдебург оди по одбрана на тронот а Алборг и Фуксе Берлина атакуваат кон својот прв трофеј во Лигата на Шампионите.

ПретходноСе чека официјална потврда од Реал: „Специјалниот“ веќе разговарал со Мбапе!
СледноПознати се можните ривали на Вардар во 1.квалификациско коло во ЛШ! (ФОТО)