Шампионот ја доби „мајсторката“, МЗТ Скопје А. во ново финале за титула (ФОТО)

74

Актиелниот бранител на титулата во домашниот кошаркарски шампионат, екипата на МЗТ Скопје А. е вториот финалист во годинешниот суперлигашки плеј-оф. Момците на Васко Атанасов успешно ја завршија „мајсторката“ против Пелистер во Скопје, потврдувајќи го квалитетот и аспирациите за уште еден шампионски трофеј.

МЗТ Скопје вечерва на домашен терен славеше со 87:58 и со 2:1 во партии им се приклучи на кошаркарите на Маџари во големото финале. Освен во првото полувреме во кое гостите стоеја рамо до рамо со домаќинот, во вториот дел од натпреварот МЗТ комплетно ја презеде и играта и резултатот во своја полза и на крајот дојде до преубедлива победа.

Петков со 23 и Танасковиќ со 20 поени ги предводеа шампионите до победа, додека кај гостите Брејси-Дејвис (12) и Вилсон (10) беа единствено двоцифрени.

ПретходноМиленкоски го скрати списокот, одбојкарите од утре тренираат во Скопје
СледноДинамо (З) подобар од Риека во финалето на купот за двојна круна