Францускиот голман Лука Зидан, кој брани во Рајо Ваљекано заедно со нашиот Столе Димитриевски, веројатно нема да го гледаме во иднина меѓу диреците.
Како што јавуваат шпанските медиуми, синот на легендарниот Зинедин Зидан очигледно ќе нема кариера каква што имаше неговиот татко, па так се врти кон бизнисот.
Тој веќе отвори компанија ЛЗ10 заедно со својата мајка, што е сигнал дека има намера да се сврти кон бизнисот.
Лука потекнува од фудбалската школа на Реал Мадрид, има и еден настап за „кралевите“ благодарение на неговиот татко, но не е ни блиску до кариера каква што посакуваше.