Играч на Брајтон: „Јас сум најдобар играч за врска во Премиер лигата“

203

Фото: Twitter

Брајтон во првите пет кола впиша четири победи, а најдобар во тимот е 25-годишниот Ив Бисума. Во Премиер лигата играат фудбалери за врска како Кевин Де Брујн, Пол Погба, Фабињо, Жоржињо, Канте… Тоа се само некои од врвните играчи за врска во Премиер лигата но Бисума вели дека е подобар од нив.

Не сакам да звучам арогантно, знам дека во Премиер лигата има многу одлични фудбалери за врска меѓутоа по мое мислење јас сум најдобар од сите. Таквото размислување ми помага да имам самодоверба и енергија да работам напорно и да им покажувам на луѓето дека сум во право“, вели репрезентативецот на Мали.

Уште еден податок поврзан со Бисума. Од стартот на минатата сезона па до сега тој е на чело на листата на фудбалери кои направиле најмногу прекршоци.

Во текот на летото за него се интересирале Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал, но тој одлучил да остане во Брајтон со образложение дека се уште не е спремен за играње во голем клуб.

ПретходноПандев на терен, Џенова зема бод во Болоња, Михајловиќ исклучен (видео)
СледноДва гола на Луис Суарез за пресврт и нова победа за Атлетико (ВИДЕО)