
Ракометот како спорт на Балканот, со децении е еден од водечките и затоа взаемното функционирање на федерациите, лигите, и се останато е многу значаен фактор.
Па така, со огромно задоволство, Ракометната Федерација на Македонија предмалку објави дека во Подгорица, Црна Гора, денеска е потпишан договорот за формирање на регионални лиги во машка и женска конкуренција.
Истиот е потпишан од страна на ракометните федерации на Црна Гора, Србија и Македонија.
Машката верзија ќе функционира по принципот на десет клубови, од кои четири ќе бидат од Македонија односно Србија, а два од Црна Гора.
Што се однесува пак до лигата во женска конкуренција, таа ќе има малку поинаков состав. Во неа ќе влезат и екипи од Хрватска и Словенија, како и секако Црна Гора, Македонија и Србија. Бројот на клубовите ќе биде ист како и во машка конкуренција.









