Влаховиќ и Локатели казнети со по 40.000 евра од страна на Јувентус

95
фото: H @HQpcrt (X)

Откако во изминатото коло тимот на Јувентус загуби од Фиорентина со 0:2, нештата во Торино се ислучително проблематични. Местото на тимот во Лигата на Шампионите е под голем знак прашалник, и виновници секако дека ќе има.

Душан Влаховиќ и Мануел Локатели се казнети со по 40.000 евра од страна на клубот, затоа што на мечот со Фиорентина имале вербална расправија на терен која воопшто не изгледала убаво.

Напротив, само ја потврдува лошата атмосфера во тимот, која што се рефлектира во поедини примери како овој.

Според Гасета Дело Спорт, во Јуве размислуваат и за поригорозни казни.

 

ПретходноТака тоа го прави Сити: Пеп добива статуа и трибина на „Етихад“!
Следно„Бомба“ од Мадрид: Познато е првото екстра засилување на Реал Мадрид?!