Менаџерот на Гвардиола призна дека преговарал со Ал-Наср

58
Фото: Манчестер Сити Х

Шампионот на Саудиска Арабија, Ал-Наср, е заинтересиран за Пеп Гвардиола. Ова го призна агентот на каталонскиот специјалист, Хозе Марија Оробитг.

„Пред месец и половина имаше контакти, но тоа беа само разговори, без никакви обврски или писмена понуда“, рече Оробитг.

Според различни публикации, на Гвардиола му биле понудени околу 130 милиони евра годишно од саудискиот клуб, каде што игра Кристијано Роналдо.

„Сумата не беше толку голема“, коментираше Оробитг, намалувајќи ги шпекулациите за огромната понуда.

Вчера, Манчестер Сити официјално објави дека се разделува од Гвардиола, кој помина 10 години на чело на „граѓаните“ и крена вкупно 20 трофеи.

Ал-Наср ја освои својата прва титула во Саудиска Арабија од 2019 година под водство на Хорхе Хесус, кој објави дека ја напушта својата позиција веднаш по победата над Дамак (4:1), со што го обезбеди првото место.

ПретходноЌе прави ли Шкендија шпалир: Вардар денеска го добива шампионскиот пехар!
СледноПоследна битка на ТФТ и Пелистер за „бронзата“