Кошаркарскиот тим на Пелистер е третопласиран во овогодинешниот домашен шампионат. Битолчани денеска во дуелот против ТФТ, кој што воедно беше, трет, одлучувачки во серијата го совладаа домаќинот во салата во населбата Маџари со минимални 86:90, и на тој начин ја финишираа сезоната како трет тим во лигата.
„Малото финале“ мораше да биде одлучено во трет меч затоа што Пелистер токму во оваа сала против ТФТ поведе со 0:1, но потоа на свој терен пропушти шанса да ја заврши задачата. Па затоа мораше да гостува повторно во Скопје и денеска конечно да ја оконча серијата.
Дуелот беше искучително неизвесен и имаше резултатска промена повеќепати. Пелистер ја доби првата четвртина со 22:28, за да потоа ТФТ се врати пред полувреме и ја добие втората делница со 22:16.
Битолчани успеаа да направат предност по крајот на третиот дел кој што го добија со 17:21, за да оној последниот заврши 25:25.
Во самиот финиш гостите беа посконцентрирани и успеаа да извојуваат екстра значаен триумф.
Најдобар поединец на мечот, според поените е Ташковски од ТФТ со 29, додека пак Крстевски од Пелистер нанижа свој 23.
Дури девет кошаркари на овој меч имаат двоцифрен број на поени.










