Ужасни сцени во домот на Ален Прост. Легендарниот Ф1 возач и светски шампион, бил ограбен во својата куќа и повреден со удар во главата. Сè се случило во вилата на Прост во Нион, на брегот на Женевското езеро. Банда разбојници провалиле во куќата на поранешниот француски возач, четирикратен светски шампион во Формула 1, минатиот вторник, објавува „Газета дело Спорт“.
Напаѓачите провалиле во 8:30 часот наутро, го нападнале Прост, на кого му била дијагностицирана повреда на главата, и го принудиле еден од неговите синови да го отвори сефот. Вредноста на пленот не е откриена, но се претпоставува дека е голема – Прост е амбасадор на брендот за луксузни часовници Ричард Мил. Според швајцарските медиуми, семејството Прост официјално не се огласило.
Блокадите и полициските контроли на патиштата и автопатите не дале резултати.
Според истражителите, бандата разбојници избегала во Франција. Прост, поранешен возач на Мекларен, Рено, Ферари и Вилијамс, одлучи да го напушти својот дом во Нион и да се врати во Дубаи, каде што живее поголемиот дел од годината. Обвинителството на Во Кантон започна кривична истрага.










