Нервозата расте: Куман прочита изјава, и не дозволи прашања на прес-конференција

134

Роналд Куман, тренерот на Барселона на денешната прес-конференција пред утрешниот дуел со Кадиз, не одговааше на новинарски прашања.

Тој прочита изјава, бараше поддршка од сите во овие тешки мигови, и кога требаше да следуваат прашањата, стана и си замина.

„Ова не се случува првпат. Ние сметаме на поддршка во ова тешко време. Тимот е среќен што има поддршка од навивачите како онаа што ја имавме со Гранада. Дајде поддршка на Барселона“, рече Куман по што си замина од прес-конференцијата.

ПретходноЈовиќ пресече: Во јануари заминува, следна дестинација – Лондон
СледноЧелзи: Ниту еден играч нема да замине!