Плазма Спортските игри за млади пристигнуваат во Велес

26

Велес е шестиот град во кој ќе се одржи „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади.

Главната цел на СИМ е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики, негување на фер-плејот, создавање искрени пријателства и градење на вистински вредности.

Овој голем спортски настан за првпат оваа година се одржува во Македонија, а претставува една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години.

„Денот на спортот“ ќе се одржи на 28.05.2026 (четврток) со почеток во 10:00 часот. Зборното место е гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес.

На отворањето на Спортските игри за млади ќе присуствуваат претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалникот на Велес, Марко Колев, ракометната легенда, Пепи Манасков и други спортски имиња.

Игрите опфаќаат натпревари во 10 атрактивни спортски дисциплини: Coca-Cola Cup – турнир во мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика во рамките на „Денот на спортот“, како и баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.

Право на учество имаат сите деца и млади, не само оние кои активно се занимаваат со спорт, што ја прави оваа манифестација отворена, инклузивна и достапна за сите. Игрите со години испраќаат моќна и инспиративна порака: „Чекор за подобра иднина“.

По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип и со денешниот спектакл во Струмица, спортскиот караван пристигнува во Велес.

Организаторите ги покануваат сите деца, родители, наставници и граѓани да бидат дел од овој спортски празник во Велес – заедно да создадеме нови незаборавни моменти и дружби со Кока Кола, Шпаркасе Банка, Шпаркасе Лизинг и Плазма.

Велес, се гледаме утре – да создадеме нови спортски приказни!

ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!

Повеќе информации за Плазма Спортските игри за млади можете да прочитате на https://sportskiigrizamladi.com/

ПретходноВЛТ НАВИВА: ШАМПИОНОТ ВАРДАР ВЕЧЕРВА ВО ДУЕЛ СО РК БУТЕЛ
СледноТолку беше: Лука Модриќ става крај на блескавата кариера?!