„АДАСТРА“ МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Кадетскиот шампион ќе биде промовиран во Скопје

37

Кошаркарската федерацција на Македонија ќе биде организатор на завршниот турнир во М16 лигата. откако ниту еден од четирите клубови-финалисти не се пријави на лицитацијата за стекнување со правoтo да биде домаќин на финалниот турнир од ова натпреварување од „Адастра“ младинските лиги.

Утврден е и распоредот на натпреварите кои ќе бидат реализирани во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат: Вардар – Работнички, односно Водно санс – Феникс 2010, ќе се играат на 30. мај (сабота), од 18, односно 20.30 часот.

Наредниот ден, 31. мај (недела), на распоред е натпреварот за третото место (18.00 часот), односно големото финале (20.30 часот) по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од „Адастра“ младинските лиги.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-МАЖИ

ПОЛУФИНАЛЕ – ДВОЈКИ

30.МАЈ (САБОТА)

18.00: Вардар – Работнички

20.30: Водно санс – Феникс 2010

31.МАЈ (НЕДЕЛА)

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

18.00: Поразен 1 – Поразен 2

ФИНАЛЕ

20.30: Победник 1 – Победник 2

*Сите натпревари ќе се играат во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје

ПретходноСосема логичен вовед во вечерашното финале во Лигата на Конференции: Судир на навивачите на Кристал Палас и Рајо (ВИДЕО)
СледноМладата репрезентација ги стартуваше подготовките за дуелот со Бугарија