Се чини дека Бојан Миовски ова лето би можел да ја промени средината. Имено јасно е дека во Глазгов Ренцерс не успеа да ја добие потребната минутажа, а во следната веројатно ќе биде уште потешко ако се знае дека Ренџер успеа да го ангажира капитенот на Хартс, Лоренс Шекленд.
Па така сега во тамошните медиуми, почнаа шпекуалциите дека Македонецот би можел да оди во спротивен правец и тоа како позајмен играч на Ренгерс.
Јасно е дека за ова се прашува и самиот Бојан Миовски, но за него, а секако и за репрезентацијата на Македонија, најважно е тој да игра и да дава голови.
Нема дилеми дека станува збор за екстра напаѓач, ама сега се поставува прашањето дали Глазгов Ренџерс е неговиот вистински тим каде што може да ги искаже сите свои потенцијали, кои секако дека не се така мали.










