Барселона ќе има мега – тим: Алварез пред потпис, Гордон на лекарски прегледи!

481
ФОТО: La Liga/FB

А, кој рече дека Барселона нема пари за мега – трансфери ова лето? Имено раководството и тоа како работо да му овозможи мега – тим на Ханси Флик, како би тој следната сезона ја освои Лигата на Шампионите.

Па, така откако се е договорено со репрезентативецот на Англија, Ентони Гордон, тој доаѓа денеска на лекарски прегледи, по се изгледа ќе се реши и трансферот на Хулијан Алварез, еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Аргентинецот веќе одамна се поврзува со трансфер во Барселона, тоа е негова голема желба, тоа го знаат и во Атлетико Мадри, па се подготвува и еден од најголемите ако не и најголемиот трансфер ова лето во светот на фудбалот.

Синоќа спортскиот директор, Деко, веќе имал завршни преговори со мнаџерите на Алварез. Се шпекулира дека Барса е подготвена да издвои 150 милиони евра за овој трансфер, тука се си бонусите.

Да, Флик следната сезона ќе го нема Левандовски и веројатно Рашфорд, но затоа со Алварез и Гордон, нападот сигурно ќе биде многу посилен.

ПретходноОЧЕКУВАНО: Реал и Барса “дрмаат“ во фудбалската економија!
СледноОдредени селекторите на младинските национални тимови на Македонија