Репрезентацијата на Босна денеска ја имаше официјалната прес конференција пред утрешниот дуел со Македонија во Сараево на стадионот Кошево со почеток од 20:30 часот.
Селекторот Сергеј Барбарез имаше полна уста пофалби за нашиот национален тим кој што го опиша како сериозен, квалитетен и со намера да одигра добар меч.
„Мора да сте сериозни во пристапот. Не треба да се бавите со ранкинг било чив. Не сакам никого да омаловажам затоа што тоа не сакам ниту нам некој да ни го прави. Македонија е сериозен противник, кој што има нов селектор, и за кој што ова е важен меч. Македонија ќе сака да го добие овој дуел исто како и ние“ – рече Барбарез.
Босна нема поголеми проблеми со повредите. Се опоравуваат Табаковиќ и Шуњиќ, а и Џеко добил малку одмор пред се поради претпазливост.










