Во натпревар со два пресврти, фудбалерите на Јувентус, конечно, ја остварија првата победа оваа сезона во италијанската Серија А. На гостувањето кај Специја, „Старата Дама“ победи со 3:2 во меч во кој видовме два големи пресврти.
Јуве тргна со гол за предност од 1:0 во 28. минута преку Мој Кин, но домаќините само пет минути подоцна преку Гиаси успеаја да израмнат на 1:1.
На стартот на второто полувреме се случи шок за гостинските навивачи. По само 4 минути, Антист погоди и ги донесе домашните во водство од 2:1. По овој гол гостите тргнаа на се или ништо. Притиснаа и по комплетната офанзива Киеза во 66. минута ги донесе гостите до 2:2.
За комплетен пресврт се погрижи Матијас Де Лихт, кој во 72. минута ја погоди домашната мрежа и приреди нов пресврт за прва победа на Јувентус сезонава.
Во вториот меч вечерва, Салернитана успеа да се врати од 0:2 до 2:2 и да освои прв бод сезонава во елитното друштво.