Седлоски пред дуелот со БиХ: Имаме наши амбиции, дојдовме по добар резултат

83

Македонската фудбалска репрезентација утревечер (20:30 часот) во Сараево, ќе ја има првата контрола против селекцијата на БиХ, од двете закажани во период од неколку дена. На вечерната прес-конференција пред утрешниот меч во Сараево, селекторот на нашиот национален тим ги искажа своите очекувања од утрешната пресметка.

„Имаме наши амбиции. Секако, ќе биде важен и резултатот и играта. Се надевам дека ќе се преставиме во добро издание и ние и противникот, па кој е подобар нека победи. И посакувам на Босна да одигра добри мечеви на Светско првенство. Ние дојдовме тука да се претставиме во добро издание и да извлечеме добар резултат. Имаме многу добри играчи, сакам да ги видам и се надевам дека ќе одиграме еден добар натпревар“, рече Седлоски.

ПретходноМатеа Димовска втора на Светскиот куп во Грција
СледноДимитриевски: Босанците се селекција од калибарот на оние кои не чекаат во Лигата на нации