Каде „пукна“ меѓу Ливерпул и Конате?

112
фото: Liverpool FC (X)

Францускиот стопер Ибрахим Коната ќе го напушти Ливерпул ова лето по истекот на неговиот договор.

Неочекуван исход со оглед на тоа што беше планирано Французинот да потпише нова, повеќегодишна соработка. Трансфер инсајдерите тврдеа во април дека сè е подготвено за такво нешто, но потоа имаше бавен напредок во преговорите, што предизвика разочарување кај сите.

Зошто? Наводно, разликата помеѓу понудата на клубот и неговата побарувачка одеднаш се зголемувала и Ливерпул не сакал да создаде потенцијален раскол во соблекувалната, особено со заминувањето на личност како Мохамед Салах, чии приходи далеку ги надминуваат сите други играчи. Тие веруваат во финансиска рамнотежа со неколку исклучоци како Вирџил ван Дајк, Флоријан Вирац и наскоро Доминик Собослај, иако биле подготвени да му понудат богати услови.

Сега клубот се врти кон Џереми Жаке, кој пристигнува од Рен, и Џовани Леони, чија повреда е залечена, и тие ќе се натпреваруваат за место покрај Вирџил ван Дајк. Но, друго име ќе мора да влезе во ротацијата освен Џо Гомез, ако тој остане.

Парите што Ливерпул планираше да му ги даде на Конате ќе одат кон замена за Мохамед Салах, што е актуелна тема на „Енфилд“.

Интересно е и тоа што Конате ќе стане еден од многуте што го напуштија Ливерпул како слободни агенти.

ПретходноЕуфорија за дресови во Сараево пред дуелот со Македонија!
СледноСинер објасни што се случи на Ролан Гарос