Поранешната македонска репрезентативка, Јелена Антиќ ќе продолжи да ја гради својата тренерска кариера во Бундес-лига. Таа потпиша нов договор на уште една сезоната со тимот на Келтерн, кој оваа сезона ја освои шампионскта титула.
„Продолжувањето на договорот на Јелена Антиќ е значаен сигнал за континуитет и стабилност во клубот“, пишаа од таборот на германскиот тим.
Антиќ соработува со Матеа Тавиќ која е главен тренер во бундес-лигашот.
„Неверојатно сум возбудена што започнувам нова сезона со Јелена Антиќ. Во текот на изминатите две сезони, нашата соработка донесе успех, конзистентност и огромен развој на нашата програма. Воодушевена сум од сè што претстои и со нетрпение очекувам да го продолжиме ова патување заедно.“










