Арсенал има историска сезона, но нема таа да биде совршена. Арсенал ја освои ПЛ, но не успеа повторно во ЛШ да дојде до “Ушлето“. Во 2006 пораз од Барса, во 2026 пораз на пенали од ПСЖ.
Сите во Арсенал се во солзи, а посебно фановите на Арсенал.
Додека Парижаните славеа голем успех, играчите на Арсенал тешко го поднесоа поразот. По последниот пенал, многумина останаа на теренот, видливо разочарани поради пропуштената можност да ја напишат историјата на клубот. Сепак, не помина долго време пред на социјалните мрежи да се појави соопштение кое привлече големо внимание од фудбалските фанови.
За неа се погрижи Челзи, еден од најголемите ривали на Арсенал, кој објави промотивна порака поврзана со обиколка на нивниот стадион „Стемфорд Бриџ“.
„Дојдете и посетете го домот на трофеите во Лондон. Резервирајте ја вашата обиколка на стадионот „Стемфорд Бриџ“ сега“, пишаа од Челзи.
Инаку Челзи е единствен клуб од Лондон кој ја освоил ЛШ и тоа двапати.
Come and visit London’s Home of Trophies. 🏆
Book your Stadium Tour at Stamford Bridge now. ⭐️⭐️
— Chelsea FC (@ChelseaFC) May 30, 2026










