Сите патишта водат кон „Билјанини Извори“: Охрид е подготвен да испише историја!

197
ФОТО:.facebook.com/rkalkaloid

Денот „Д“ за ГРК Охрид. Македонскиот тим денеска го игра реванш мечот во рамките на финалето на ЕХФ Европскиот Куп, противник е Татабања. Натпреварот е закажан со почеток во 20 часот во СЦ „Билјанини Извори“.

ГРК Охрид има позитива од еден гол, откако на првиот меч на гостински терен славеше со 29-28 и покажа дека не е случајно во финалето.

Тренерот Борис Ројевиќ и неговите избраници ги имаат сите предуслови да го освојат пехарот во ЕХФ Европскиот Куп, кој минатата година го подигна Алкалоид, а со тоа да станат вториот македонски тим кој го сторил тоа и трет кој изборил пласман во финалето.

Салата „Билјанини Извори“ е исполнета до последното место, се очекува денешната атмосфера да кулминира, бидејќи сите се надеваат на бајковит крај на оваа сезона.

Ракометарите на охридскиот тим одиграа одличен натпревар на гостински терен, што пак им дава за право да се надеваат на победа.

„Веќе испишавме историја со самиот пласман во финалето. Ова е огромен успех за клубот, градот и државата. Сега сме на чекор до освојување на трофејот, што би било нешто неверојатно. Нема сомнеж дека ќе го дадеме и последниот атом од нашите сили за на крај сите заедно да се радуваме.

„Татабања беше фаворит уште пред стартот на сезоната. Искрено, се надевавме дека ќе се сретнеме што е можно подоцна, бидејќи станува збор за многу силен тим. Но, имаме позитивен резултат од првиот натпревар, иако можеби требаше да биде и поубедлив. Ни останува да ја потврдиме одличната игра од Унгарија. Тензијата расте и сите со нетрпение го очекуваме почетокот на натпреварот“, порача тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ. 

ПретходноСамо Арда Ѓулер е фит од ѕвездите – Турција со „резервите“ ќе ја нападне Македонија!
СледноЧеферин за малку ќе се посрамотеше, Дембеле го спаси (ВИДЕО)