Костадинов “стрелаше“ за Словачко во баражот за опстанок

95
ФОТО:.facebook.com/fcslovacko.cz

Одличен меч на нашиот Тихомир Костадинов во дресот на Словачко. Македонскиот репрезентативец попладнево во меч од реванш баражот за опстанок против Артис Брно, беше еден од најдобрите за својот тим во победата од 3:0. И веднаш да кажеме дека Костадинов беше стрелец на првиот гол за Словачко во 15.минута. На крај овој двомеч заврши со вкупни 7:1 за Словачко, а тоа значи дека овој тим и следната сезона ќе игра во елитата во шампионатот на Чешка.

Цел меч за Словачко одигра и вториот наш репрезентативец Андреј Стојчевски.

ПретходноРК Прилеп победнички за крај на сезоната
СледноБецеки конечно победи во Муџело за историја на Априлја