Скопје се врати во елитата!

454

Скопје се врати во елитата и тоа откако во Битола успеа со 1:0 да слави против Брера и тоа со гол во 88.минута на Душко Трајчевски, а голот го потврди Ангелов кој само минута претходно не успеа да реализира удар од белата точка.

И тоа на бараж средбата за пополнување на ПМФЛ за следната сезона.

Па така после три години, Скопје од Автокоманда одново ќе биде прволигаш. Се чини по она што се случи во Битола, каде беше подобар од Брера, апсолутно заслужено.

Струмичани имаа лоша сезона, беа на чекор до опстанок, но сега нема дилеми, во следната сезона ќе играат во ВМФЛ.

ПретходноАлиоски: Очекувам квалитетен натпревар
СледноКаква драма: Шкендија (А) преку пенал – серија во ПМФЛ, Битола сега е ВТОРОЛИГАШКИ ГРАД!