Каква драма: Шкендија (А) преку пенал – серија во ПМФЛ, Битола сега е ВТОРОЛИГАШКИ ГРАД!

701
Screenshot

Уф, каков трилер, каква драма во Кавадарци во баражот за пласман во ПМФЛ и тоа се среќен крај за Шкендија Арачиново која испиша историја и се пласира во елитата, додека Битола сега е второлигашки град.

Шкендија (А) со вкупни 7:6 (1:1 во регуларниот дел), успеа преку пенал – рулетот да дојде до историја.

Долго ќе се раскажува овој бараж кој ќе остане во аналите на мак – фудбалот.

Во првиот дел Пелистер ја имаше иницијативата, имаше и две шанси преку Ивановски, на другата страна Нухија ја погоди стативата на битолчани. Па така на пауза се замина на пауза.

Затоа бурно беше во второто полувреме.

Назифи во 54.минута донесе водство за тимот од Арачиново. Следуваше пенал за Пелистер. Ивановски шутираше, Столевски одбрани, а Ивановски одново не погоди.

И така беше се до 90+8.минута кога Петар Петковски со глава успеа да израмни и да го спаси својот тим.

Следуваше пенал – серијата, а таму по осум серии повеќе среќа имаше Шкендија и секако голманот Столевски кој е херој на денот со три одбранети пенали.

ПретходноСкопје се врати во елитата!
СледноОва се екипите кои следната 2026/27 сезона ќе играат во ПМФЛ!