Шпанецот Мунуера на “центарот“ во Истанбул!

88
ФОТО:.facebook.com/joseluis.munueramontero/

Вечерва од 19:30 часот на стадионот “Шукру Сарачоглу“ во Истанбул, нашата најдобра фудбалска репрезентација во пријателски натпревар ќе ги одмери силите против домашната селекција на Турција.

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на оваа контрола и доаѓаат од Шпанија.

За главен судија одреден е Хозе Луис Мунуера, кој важи за еден од најпознатите судии во Шпанија кој редовно суди во Ла Лига, но и во Европа.

Негови помошници се Диего Барберо и Алфредо Родригез Морен, додела четврти судија е Алехандро Кинтеро Гонзалес, сите од Шпанија.

ПретходноЕХФ со нова порака: Добро утро од новите шампиони, ГРК Охрид не е сон!
СледноТројца вардарци вечерва на „местото на злосторот“