Бобан Николов, Дарко Велковски и Висар Муслиу е триото во составот на селекторот Гоце Седлоски кои од 2017 година имаат историски настап на стадионот „Шукру Сарачоглу“. Таа година во август месец Вардар со победа од 1:2 го урна големиот Фенербахче и се пласираше во групната фаза од Лигата на европа. Резултат и победа кои се едни, ако не и најголемите во историјата на македонскиот клубски фудбал.
Токму затоа Николов, Велковски и Муслиу кои настапија на тој историски меч за Вардар се вратија по многу години на „местото на злосторството“. Тројцата се очекува да имаат минутажа и вечерва на пријателскиот меч Турција – Македонија кој се игра од 19:30 часот токму на стадионот на Фенербахче. Колку за потсетување – сите 50.530 билети се распродадени уште пред неколку дена.
Елмас и Алиоски се како дома










