“Кузмановски и Манасков имаат понуда да останат во Пелистер, сега останува на нив!“

166
ФОТО:facebook.com/hceurofarmpelister

РК Пелистер денеска го претстави својот нов стратег, Лино Червар од кого се очекува битолчани повторно да ги врати на врвот на мак – фудбалот.

Тоа да се случи секако во многу ќе зависи од тоа дали Червар ќе може да смета на Филип Кузмановски и Дејан Манасков.

Имено и на двајцата им истекоа договорите.No description available.

За тоа свој коментар имаше првиот човек на РК Пелистер, Зоран Стерјев:

Ситуацијата со Манасков и Кузмановски е отворена, клубот им понуди нови договори. На Кузмановски му е понуден двегодишен договор, а на Манасков едногодишен. Водиме преговори, клубот максимално ги почитува и двајцата и во рамките на своите можности правиме се за тие да бидат тука и наредната сезона. Сепак, на крајот заедно ќе треба да ја донесеме одлуката. Сметаме дека сите услови и можности кои им се понудени, се одлични и треба да бидат прифатени. Ние сме задоволни од тоа што тие го прикажаа на теренот, меѓутоа сепак и на нив и на сите други им беше кажано дека минатата сезона беше неуспешна затоа што целите не се остварија и во рамките на тоа мора да се очекува дека не можете да биде наградени“, истакна Стерјев.

ПретходноБаражот меѓу Струга и Младост ќе се игра во Скопје!
СледноСветскиот првак пристигна на Мундијалот!(ФОТО)