Седлоски: Јас ја преземам одговорноста, кој ќе игра во септември ќе видиме

836

Македонската фудбалска репрезентација убедливо беше поразена на вечерашното гостување во Истанбул. Турција погоди четирипати во нашата мрежа, ние не успеавме да дојдеме ниту до гол. По средбата на прес-конференцијата, селекторот Седлоски ја презема вината за поразот на себе.

„Сакам да и честитам на Турција која заслужено нè победи. Навистина се одлична репрезентација полна со квалитетни фудбалери. Загубивме со 4-0, ја преземам сета одговорност бидејќи јас ги поставувам играчите. Ова е пријателски натпревар, на сите играчи им дадов шанса. Од овие натпревари треба да учиме многу. Точно е, имаме четири меча без постигнат гол. Работиме на тренинзите на тој сегмент. Игравме со силни репрезентации, а иако тоа не е оправдување, мора да работиме. Од наши грешки примавме голови и мора да продолжиме, да анализираме што погрешивме и да не ни се повторуваат тие ситуации. За дел од тимот ова е ново, па се надевам дека ќе биде добро. Данска и Турција ни дадоа по четири гола. Ние креираме нешто ново, се знае дека кој и да е повикан мора да даде максимум. Оставете ги фудбалери јас ги повикав, одговорноста е на мене, а кој ќе игра во септември ќе видиме“, изјави Седлоски.

ПретходноОфицијално објавени промените што ќе стапат на сила веќе на СП 2026!
СледноНено двоцифрен, Баерн (М) поведе со 2:0 во полуфиналето