Германски РБ Лајпциг се уште чека телефонски повик од Наполи за да ја разрешат ситуацијата околу нашиот репрезентативец Елиф Елмас, тврдат германските медиуми. Според последната информација објавена утрово, опцијата за купување на Елмас од страна на Наполи е сè уште важечка.
„Опцијата за купување на Елмас од страна на Наполи сè уште може да се активира. Изнесува 16,5 милиони евра. Но, еве до денеска наутро, сè уште нема контакт меѓу двата клуба. Според нашите информации, исто така, немало повторни преговори од страна на Италијанците. Доколку така остане, Елмас ќе се врати во Лајпциг“, објави новинарот на германски „Скај Спорт“, Филип Хинце.
Елмас сигурно посакува да остане на Апенините, со оглед на периодот кој го помина во Германија, каде не успеа да се наметне во составот на „биковите“.










