„АДАСТРА“ МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Финалниот турнир во М18 лигата-жени ќе се игра во Кавадарци

74

Женскиот кошаркарски клуб „Пробаскет“ од Кавадарци, ќе биде организатор на завршниот турнир за јуниорската, женска конкуренција, од „Адастра“ лигите кои ги организира Кошаркарската Федерација на Македонија откако денеска ја обезбеди организацијата на лицитацијата организирана од канцеларијата за младински лиги.

Со завршниот турнир во Кавадарци, младите кошаркарки до 18 години ќе го комплетираат натпреварувањето за сезоната 2025/2026, со дводневен финален турнир во „Ф4“ формат, кој ќе биде реализиран во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Полуфиналните натпревари, МЗТ Бела вода – Тим Арена, односно Вардар – Пробаскет, ќе се играат на 6. јуни (сабота), додека ден подоцна, на 7. јуни, ќе биде познат шампионот во оваа возрасна категорија.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-ЖЕНИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

6.ЈУНИ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

16.00: МЗТ бела вода – Тим Арена (1)

18.30: Вардар – Пробаскет (2)

7.ЈУНИ (НЕДЕЛА)

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

15.00: Поразен 1 – Поразен 2

ФИНАЛЕ

17.30: Победник 1 – Победник 2

* Организаторот го задржува правото за промена на термините на одигрување на натпреварите

** Натпреварите ќе се играат во салата „Јасмин“ во Кавадарци

ПретходноФФМ се истури врз Шкендија – исфрлена од Купот на Македонија и 105.000 евра казна!
Следно„Каролина Гочева“ го чини Вардар 15.000 евра