„Каролина Гочева“ го чини Вардар 15.000 евра

419

На денешната седница на Дисциплинската комисија на Фудбалската Федерација на Македонија беше изречена сериозна казна кон ФК Шкендија за случувањата на финалниот меч од Купот на Македонија.

Во сенка на тој настан и на 105.000 евра глоба кој што ФФМ ги „пресуди“ за клубот од Тетово, пристигна и казната за сега веќе актуелниот шампион на Македонија, ФК Вардар по повод срамната прослава на титулата, и скандалозното навивање во кое што беше спомената поп македонската дива, Каролина Гочева.

ФФМ одлучи, оваа глупост, кој што беше пренесена преку социјалните мрежи ФК Вардар да го чини 15.000 евра.

Дали е доволно или не, проценере сами, но во секој случај да се надеваме дека ќе делува поучно, така голем клуб, да не се однесува така ниско.

 

Претходно„АДАСТРА“ МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Финалниот турнир во М18 лигата-жени ќе се игра во Кавадарци
СледноФФМ го одржа ветувањето: Шкендија доби најголема казна во историјата!