Никола Јокиќ ја шокираше јавноста со својата одлука да не игра за Србија ова лето. МВП во НБА-лигата не можеше да и помогне на својата репрезентација во квалификациите за Олимписките игри, на крајот и без него нашиот северен сосед го чекираше билетот за Токио.
Главна причина поради која зеде пауза од националниот тим е напорната сезона, тој и по неколку месеци тврди дека одново би ја донел истата одлука.
„Донесов одлука. Дали била добра или лоша, се држам до неа. Одново би го сторил истото“, изјави Јокиќ, кој сака да се посвети на своето семејство наскоро ќе стане татко.
„Наскоро ќе станам татко, тоа е најважната работа во мојот живот“.