Илија Абутовиќ заврши со Пелистер. По завршувањето на сезоната 2025/26, тој се прости од ракометните фанови во Македонија, познато е дека ќе ја продолжи кариерата во Партизан, шампионот на Србија каде одново ќе соработува со Раул Гонзалез, откако пред 8-9 години заедно беа во Вардар и ја освоија титулата во ЛШ во таа 2017 година.
Каде и да играше, Србинот оставаше голема трага, голем борец и миленик на фановите.
Абутовиќ по се ова на социјалните мрежи испрати емотивна порака:
„„Благодарам Пелистер и Битола на овие две години. Благодарам за новите искуства, новите познанства и најмногу за новите пријателства. Честитки за Вардар за освоената титула, честитки за Охрид за истирискиот европски трофеј.
Те сакам Македонијо. И ти благодарам за сите години што ги поминав тука и за сите работи шти го доживеав како спортист и како човек. Засекогаш ќе бидеш во моето срце“ напиша Абутовиќ.











