Животна партија на Бензема, ги урна Меси и Роналдо

770

Карим Бензема постигна два гола и намести исто на дуелот против Мајорка (6-1) и влезе во историјата.

Со првиот гол и асистенција постана третиот играч во 21. век кој во првите шест кола допринел со 13 голови, седум од нив ги постигна, а додека останатите шест ги намести од стартот на новата сезона.

Пред него ова им успеало на Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Аргентинецот тоа го стори на почетокот на сезоната 2011/12, на Барселона и донесе 13 гола, додека Португалецот во сезоната 2014/15 на Реал му овозможи 14 погодоци.

Сепак Бензема во 55. минута со втората асистенција го мина Меси и се изедначи со Роналдо, додека во 78. минута со вториот погодок постана број еден играч со најдобар старт на сезоната во Ла Лига.

Бензема на дуелот со Мајорка го постигна 200. гол во Ла Лига, тој е десетиот играч кој дошол до оваа бројка во една од најсилните натпреварувања во светот.

Реал Мадрид е лидер на табелата со 14 бода, два повеќе од Атлетико Мадрид, дури осум од најголемиот ривал Барселона.
ПретходноНова висока победа на ШК Алкалоид
СледноСпировски и официјално промовиран во Мариупол (ФОТО)