Ролан Гарос: Арналди си закажа историско полуфинале со Коболи!

53
ФОТО:facebook.com/RolandGarros/

Италијанскиот тенисер Матео Арналди се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако неговиот имењак и сонародник Беретини му го предаде четвртфиналниот натпревар. Во моментот на предавање, Арналди водеше со 7:5 и 5:2 во вториот сет, а ова беше дуел помеѓу 104-тиот и 105-тиот играч на АТП листата. Јаник Синер одамна го нема во Париз, но Италија сигурно ќе има финалист на Ролан Гарос, бидејќи ривал на Арналди во полуфиналето ќе биде Флавио Коболи, 14-тиот тенисер на планетата. Претходно, денес, тој го победи Канаѓанецот Феликс Ожер-Алијасим со 3:1 во сетови. За потсетување, првиот полуфинален пар го сочинуваат Германецот Александар Зверев и Чехот Јакуб Меншик. Ниту еден од овие играчи не освоил трофеј од Гренд слем и јасно е дека сме сведоци на историски турнир.

ПретходноПријателски: Алжир ја изненади Холандија, “новата“ Италија со победа кај Луксембург!
СледноДон Флорентино вечерва потврди кој ќе биде тренер на Реал!