Грчкиот кошаркарски тренер Василис Спанулис е новиот тренер на кошаркарскиот тим Арис, објави солунскиот клуб.
Спанулис (43) потпиша тригодишен договор со Арис. Претходно беше тренер на Перистери и Монако, а моментално е главен тренер на грчката кошаркарска репрезентација.
Спанулис го замени Игор Миличиќ на тренерската позиција во солунскиот клуб .
Кошаркарскиот тим на Арис ја заврши сезоната на петтото место во грчкото првенство, а потоа беше елиминиран од АЕК во четвртфиналето од плејофот.










