Солскјер не бара алиби, ама судијата е виновен!

187

Манчестер Јунјатед загуби дома од Вест Хем со 1:0 и доживеаја елиминација во 1/16-финалето од Лига Купот на Англија. „Чеканите“ брзо го отворија резултатот уште во 9. минута со голот на Ланзини и со тоа успеаја да се изборат за голема победа.

Оле Гунар Солскјер одново бараше изговри за бледата игра на својот тим.

„Повторно почнавме слабо, нешто што мора да го решиме. Кога примивме гол почнавме добро да играме. Статистиката не лаже, имавме 27 обиди без успех“, изјави предводникот на Јунајтед.

Норвежанецот смета дека судијата морал да покаже пенал за неговиот тим.

„Не би сакал да зборувам многу и да барам алиби, но беше пенал врз Лингард. Направивме притисок, сакавме да се пласираме во следната рунда. Но, ова е долга сезона, ќе има многу натпревари, не можам да им замерам ништо на играчите. Не е добро што сме елиминирани, но во сабота не чека важен дуел против Астон Вила во Премер-лига“.

ПретходноНе знаат за победа година дена: ППД Загреб и Чупиќ во очај, 17-ти пораз во низа во Лигата на шампиони
СледноМбапе за малку ќе добиеше ќотек, влета спасителот Нејмар (ВИДЕО)