Тајсон доаѓа во Белград: Ќе добие цел спрат во хотел, побарал и посебно јадење

593

Светското првенство во бокс ќе се одржи во Белград од 24 октомври до 6 ноември, а во главниот град на Србија ќе пристигне и легендарниот Мајк Тајсон.

Еден од најголемите боксери на сите времиња ќе биде гостин на боксерската федерација на нашиот северен сосед. Пред да ја прифати поканата тој поставил неколку услови.

Еден од нив е да се добие целиот кат на еден од најпознатите хотели. Тој побарал и специјално мени базирано на месо од бизон, како и голем избор на свежо цедени овошни сокови.

Тајсон, 55-годишен поранешен шампион во тешка категорија, минатата година одржа егзибитивна борба против Рој Џонс.

ПретходноМбапе за малку ќе добиеше ќотек, влета спасителот Нејмар (ВИДЕО)
СледноМилевски нема среќа: “Лавот“ Адеми повторно повреден!