Бабачев го објави списокот, сениорите во Охрид ќе темпираат форма за Плоцк

125

Машката сениорска репрезентација во ракомет на плажа во понеделник во хотелот “Green Space” во Охрид официјално ќе започне со подготовки за претстојниот меѓународен турнир во Полска.

За селектор на македонската репрезентација во ракомет на плажа е назначен, Наум Бабачев. По неколкудневните подготовки, националниот тим ќе отпатува за градот Плоцк, Полска, на 12 јуни, каде ќе учествува на меѓународен турнир во конкуренција на европски селекции.
Распоред на натпреварите:
13.06.2026(сабота)
Македонија  Чешка | 10:30 – 12:00 часот
Германија  Македонија | 17:30 – 19:00 часот
14.06.2026(недела)
Полска  Македонија | 11:00 – 12:30 часот
„Турнирот претставува уште една можност за нашата репрезентација да стекне значајно меѓународно искуство и да го промовира македонскиот ракомет на плажа на европската сцена. На селекторот Наум Бабачев, стручниот штаб и репрезентативците им посакуваме успешни подготовки и многу успех на претстојните натпревари“, велат од РФМ. 
ПретходноШок на Ролан Гарос: Најголемата сензација се предаде без борба
СледноЈамал е играч на сезоната во Ла Лига: Вистинска главоболка за противниците