Што велат компјутерски симулации: Шпанија светски првак, сите 16 европски селекции ќе се квалификуваат во нокаут – фазата на СП! (ФОТО)

56
ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB

Остануваат само уште пет дена до стартот на СП 2026. Јасно е дека се прават “математики“, се прогнзира кој ќе биде светски првак и слично.

А има и интересен податок кој го изнесува “Фудбал митс дата“, а тој вели дека сите 16 европски репрезентации ќе ја минат групната фаза и ќе се пласираат во нокаут – фазата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико и тоа врз основа на 495 компјутерски симулации.
Тие предвидуваат дека најверојатно првак ќе биде европскиот шампион Шпанија. Исто така, се очекува дека во полуфиналето да има уште две репрезентации од зоната на УЕФА: финалистите на Светското првенство во 2022 година, Франција и Англија, кои играа во финалето на Евро 2024. Симулациите исто така покажуваат дека Португалија, Холандија и Белгија ќе стигнат до четвртфиналето. Според нив, Германија, Турција, Швајцарија, Хрватска и Норвешка ќе бидат елиминирани во 1/8 финалето, додека Шкотска, Чешка, Шведска, Австрија и Босна и Херцеговина би го завршиле своето учество во првата рунда од елиминациите.

ПретходноФудбалскиот свет може да здивне: САД издаде визи за експедицијата на Иран
СледноФИФА децидна: Нема повеќе вувузели на Мундијалите