Ким Кардашиан се појави и ја засени целата тренинг сесија во Монте Карло

158

Најважниот викенд во Формула 1 шампионатот се случува во моментов во Монте Карло. Се знае дека најгламурозниот спорт на светот, е уште по впечатлив кога се случува во овој град/држава, каде што луксузот, парите и екстраваганцијата се на највисоко ниво.

Па така, тука се присутни што е можно повеќе ВИП личности од Европа, но и од остатокот од светот. Покрај многуте се појави и Ким Кардашиан, ријалити звездата од САД, која што според извештаите буквално го засени целиот настан и го привлече целото внимание врз себе.

Квалификациите за утрешната трка стартуваат во моментов.

 

ПретходноКими Антонели најбрз на последниот тренинг во Монте Карло
СледноОтворена ФИБА Европската минибаскет конвенција во Скопје