И дефинитивно Столе Димитриевски е миленик на сите во Валенсија, посебно на фановите на клубот од „Местаља“. Откако доби шанса да биде прв голман, Македонецот беше фантастичен и јасно им е сега на сите кој е првиот голман на Валенсија. Да потсетиме дека Столе и Валенсија го продолжија договорот.
Сега нема ден а медија – тимот на шпанскиот клуб да не постира нешто или се пофали со Македонецот.
Па така денеска уште еднаш беше ставена на социјалните мрежи одбраната на Столе Димитриевски против Џирона и прогласена за најдобра негова во сезоната 2025/26 сезона.
Јасно е дека коментарите се и повеќе од позитивни.
Погледнете ја уште еднаш одбраната на Столе…










