Ова е историја, ова е нешто фантастично, нереално. Кими Антонели (19) победи во хаотичната трка за ГН на Монако, за неверојатни “пет од пет“. Младиот Италијанец со својот Мерцедес едноставно испишува историја.
Светот и дефитивно добива нова спортска мега – ѕвезда.
Тоа е Кими Антонели кој и денеска, во својата втора сезона во Формула , просто си поигра со Верстапен, Хамилтон, Норис…
БРАВО за Кими.
Во трка обележана со повлекување на фаворитите, излегувања на безбедносните возила и долго прекинување, второто место го освои Луис Хамилтон, трет беше Исак Хаџар.
Антонели е првиот тинејџер со пет триумфи по ред во историјата на Ф1.
Трката започна катастрофално за повеќекратниот шампион Макс Верстапен, кој беше откажан од болидот на самиот старт, тоа беше крајот за Холанѓанецот. Нов важен момент се случи во 46-от круг кога актуелниот шампион и минатогодишниот победник во Монте Карло, Ландо Норис, исто така, мораше да се откаже поради проблеми со автомобилот. Дури ни Ферари не беше имун на „дефекти“ во неделата, Шарл Леклер направи грешка додека го држеше второто место и во 66-от круг се удри во оградата.
Тој ги обвини сопирачките за дебаклот на „домашен терен“. Во 68-от круг трката беше прекината поради оштетување на патеката, сите возачи излегоа на своите боксови. Следеше подолг прекин и ново рестартирање.
А таму Кими немаше никакви проблеми и на крај успеа да победи.










