Дефанзивецот на Рома, Весли Франка, се повлече од репрезентацијата на Бразил непосредно пред почетокот на Мундијалот, откако заработи потешка повреда.
Весли се повреди на пријателскиот натпревар против Египет (2:1) и беше заменет во 17-тата минута поради болка во левата препона, по што се расплака на клупата.
Според „Глобо Еспорте“, на Весли му е дијагностицирана повреда на левиот бут, што ќе го спречи 22-годишниот дефанзивец да игра на Светското првенство.
Карло Анчелоти веднаш реагираше и го повика Едерсон од Аталанта како негова замена.










