Довчерашниот селектор на Словенија, Матјаж Кек е новиот тренер на хрватска Риека. Најтрофејниот стратег во историјата на клубот се врати на клупата каде што седеше на 274 натпревари.
Кек е тренерот кој ја освои првата шампионска титула во историјата на Риека, а имаше и два трофеи во Купот на Хрватска и еден Суперкуп, и оствари најмногу победи на клупата на Риека, 165 во сите натпреварувања.
Матјаж Кек се враќа на Рујевица по речиси осум години.










